Велика Британија нема да ја поддржи израелската анексија на делови од Западниот Брег, затоа што тоа ќе го отежне постигнувањето мировно решение со Палестинците, изјави денеска државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Џејмс Клеверли.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека на Израел е оставена одлуката дали да анектира делови од окупираниот Западен Брег.
Кливерли му се обрати на Парламентот: „Наша долгогодишна позиција е дека не ја поддржуваме анексијата на делови од Западниот Брег, што може да го отежне одржливото решение за двете земји“.