Франција ќе бара од своите партнери во Европската унија да размислат за силен одговор на Израел, доколку таа држава продолжи де-факто со анексијата на делови од окупираниот Западен Брег, изјавија тројца дипломати на ЕУ.
Белгија, Ирска и Луксембург, исто така, сакаат да разговараат за можноста за економски санкции на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ в петок, изјавија дипломатите, но колективното дејствување бара согласност од сите земји-членки.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата Влада ќе почне со разгледување за проширување на суверенитетот на Израел врз еврејските населби и долината на Јордан на Западниот Брег во јули, како што е прикажано во мировниот план за Блискиот исток на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Дипломатите на ЕУ не дадоа детали за какви санкции може да сметаат членките на ЕУ за да се обидат да го одвратат Израел од овој потег.
Според оваа постапка, владите на ЕУ треба да побараат од Комисијата и Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) да изготват список на опции.