Белата куќа препорачува сите жители во домови за нега на стари лица во САД и персоналот да бидат тестирани за новиот коронавирус во наредните две недели.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој ја предводи работната група за борба со новиот коронавирус им изјави на гувернерите денеска во видео конференција дека федералната Влада силно препорачува да се извршат такви тестови.

Д-р Дебора Боркс, координатор на работната група, им рече на гувернерите да се фокусираат во текот на следните две недели на прегледи на сите еден милион лица сместени во такви домови. Д-р Буркс рече дека Белата куќа ќе им помогне на државите на кои тоа им е потребно.

Домовите за нега на стари лица и старите лица досега беа особено ранливи на вирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2020 23:00