Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.227.454 лица. Од нив починале 285.272, а оздравеле 1.512.701 луѓе.
– Европскиот центар за контрола и превенција на болести наведува во извештајот за проценка на ризик дека земјите-членки на ЕУ треба да работат на подготовки за можен втор бран на епидемијата „Ковид-19“. Центарот повикува на зајакнат систем на контрола, а Европската комисија ја истакнува важноста на комуникацијата со граѓаните за можните ризици.„Комисијата работи со Центрите за контрола и превенција на болести и со земјите-членки за да обезбеди доволно комуникација, бидејќи клучно е граѓаните да разберат дека можни се нови бранови на инфекција иако почетната е успешно решена“, рече портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмејкер.Европската комисија наведува дека тие се во постојан контакт со земјите-членки кога станува збор за состојбата на пандемијата на теренот, но и снабдувањето и капацитетите на здравствените системи ширум ЕУ.„Овие информации се користат од страна на Европскиот центар за превенција и контрола на болести за да се процени подготвеноста за можен втор бран на Ковид-19 и да се подготват мерки“, додаде Комисијата.Тие напоменуваат дека земјите-членки веќе треба да работат на подготовките за можен втор бран со користење на секоја можност за подобрување на постојните системи за надзор на вирусот.
– Британскиот премиер Борис Џонсон денеска објави план за Велика Британија да излезе од рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, но предупреди дека сите треба да носат маски за лице во затворен простор затоа што Ковид-19 ќе остане меѓу народот долго време. „Ова не е краткорочна криза“, се наведува во планот од 51 страници, насловен како „План за обнова: Стратегија за опоравување од Ковид-19 на Владата на Велика Британија“. Ковид-19 најверојатно ќе циркулира кај човечката популација на долг рок, што може да предизвика периодични епидемии, се предупредува во планот, додавајќи дека брановите големи епидемии не можат да се отфрлат во блиска иднина без да продолжат одредени мерки. Владата соопшти дека ќе воведе 14-дневна карантин за меѓународните патници со одредени исклучоци, и додаде дека луѓето треба да носат маски во затворен простор каде не е можно физичко растојание.
– Во изминтаите 24 часа во Србија има три нови жртви или вкупно 218. Новозаразени се 62 или вкупно 10.176.
– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се четири новозаразени со Ковид-19, што е најмала бројка досега. Вкупниот број сега изнесува 872, од кои оздравени се 654 или 75 отсто, починати се 31, додека активни на болеста се уште се 187лице, повеќето со лесна форма. Хоспитализирани се 28 од нив тројца на интензивна терапија.
– Германската Влада реши да инвестира 750 милиони евра во програма за создавање и дистрибуција на вакцини против новиот коронавирус, изјави министерката за образование и истражување Ања Карличек. Околу половина милијарда од тие пари ќе одат за да се прошират можностите за клиничко испитување во Германија, а останатите 250 милиони да развие производствен капацитет, рече таа. Една од целите на финансиската програма е да овозможи поголем број учесници да бидат вклучени во клиничките испитувања уште од самиот почеток.
– Во Грција веќе втор ден не е регистриран смртен случај од Ковид-19, а денеска беа соопштени десет нови позитивни случаи. Вкупниот број е 2.726 заразени лица и 151 починат. Досега, анализирани се 99.363 примероци.
– Oд направени 1.406 тестови во изминатите 24 часа, на Кипар се регистрирани само три нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број заразени е 901 лице. Досега, од почетокот на епидемијата починаа 22 лица позитивни на новиот коронавирус, но во статистиката се заведуваат само 16 лица, кај кои Ковид-19 беше главната причина за смртта. Република Кипар, одлучи до 28 мај 2020 година да ја продолжи забраната за меѓународни летови од и кон земјата.