Шефот на злогласниот мексикански нарко картел „Лос Зетас, Моис Ескамила Меј, нарелен „Дебелиот Меј“, почина во најзаштитениот затвор во Мексико, Халиско, како последица на зараза со Ковид-19.

Ескамила (45) издржуваше казна затвор во траење од 37 години за голем број кривични дела, вклучително и за обезглавувањето на 12 лица на полуостровот Јукатан. Тој беше уапсен во 2008 година, а коронавирусот му беше дијагностицоиран два дена пред да умре од респираторни проблеми.

Локалните медиуми јавуваат дека во затворот се заразени стотици затвореници

„Лос Зетас“ е еден од најстарите и најголемите картели со центарот на славното одморалиште Канкун.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 10:54