Министерството за туризам и спорт на Тајланд планира воведување на такса за странците во износ не поголем од 300 бата (девет американски долари).

Таксата ќе им се наметнува на странските туристи, кои во земјата ќе пристигнат по воздух, копно или море, пишува денеска весникот „Бангкок пост“, повикувајќи се на првите луѓе на министерството.

Таксата е дел од 20-годишниот национален план, според кој државните органи треба да имаат постојан прилив на средства за поддршка и стабилизирање на националната економија.

Таксата ќе биде вклучена во туристичкиот фонд, што е управуван од министерството, а е насочен кон обновата и развојот на туристичките активности, како и осигурување на безбедноста и заштитата на туристите.

-Пандемијата изврши сериозно влијание врз туризмот и туристичкиот фонд треба да ги обезбеди средства за владините агенции што ќе ги опслужуваат туристите, рече министерот за туризам и спорт.

Таксата ќе биде вклучена во цената на авионските билети, но владата се уште не соопштува како оваа иницијатива ќе функционира и со копнениот и поморскиот транспорт.

Министерството за туризам има намера таксата да ја помовира до почетокот на последниот квартал од 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 11:09