На Тајмс Сквер во Њујорк е поставен „Часовникот на смртта на Трамп“ кој го покажува бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД, за кој авторот ја обвинува „неактивноста на претседателот Трамп“.

Часовникот на смртта на Трамп, кој го креираше режисерот Јуџин Јарецки, поставен е на кров на зграда на Тајмс Сквер.

На екранот на истоимената Интернет страница, кој се емитува на Тајмс Сквер, пишува дека Трамп до 16 март одбил да дејствува по прашањето за коронавирусот, а оти епидемиолозите рекле дека 60 проценти од луѓето би избегнале смрт ако превентивните мерки биле спроведени само една недела порано.

Од Ковид-19 во САД досега починале повеќе од 80.000 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 12:50