Еден израелски војник е убиен утрово за време на апсење на Западниот Брег кога голем камен, фрлен од покрив, го удрил во главата, соопшти израелската армија.
Како што е наведено, 21-годишниот Амит Бен Јигал бил во „оперативна активност“ во градот Џенин кога тоа се случило.
Во тек е потера по напаѓачот.
Израелската армија честопати спроведува рации пред зори за да ги уапси бараните екстремисти во Западниот Брег и повремено наидува на локален отпор, но ретко се убиваат војници.
Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет најави дека армијата ќе ги гони терористите одговорни за смртта на војникот, и ќе ги изведе пред лицето на правдата, јавуваат израелските медиуми.
Војникот кој беше убиен денеска е прва воена жртва на Западниот Брег од почетокот на оваа година.