Емисиите на јаглерод диоксид во Индија за првпат опаднаа во последните четири децении, делумно благодарение на карантинот наметнат од коронавирусот, се вели во студијата објавена на британската веб-страница Carbon Brief.

Намалената побарувачка на електрична енергија и конкуренцијата од обновливите извори на енергија ја намалија побарувачката за фосилни горива уште 12 месеци пред пандемијата да ја погоди Индија, но ненадејното воведување мерки за изолација на 25 март експресно го забрза падот на емисиите на CO2, според анализата на „Carbon Brief“.

Емисиите на СО2 опаднаа уште во март за околу 15 проценти и можно е во април да опаде за 30 проценти.

Според студијата, емисиите се намалиле за околу еден процент во фискалната година што заврши во март 2020 година, по падот на потрошувачката на јаглен, додека кривата на потрошувачката на нафта се спушти.

Производството на електрична енергија од јаглен опадна за 15 проценти во март и 31 процент во првите три недели од април.

Потрошувачката на нафта опадна за 18 проценти во годината до март 2020 година, додека во исто време се зголеми производството на енергија од обновливи извори.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 14:52