Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека некои третмани ја ограничуваат сериозноста или времетраењето на респираторната болест Ковид-19, додавајќи дека ова тело е фокусирано на дознавање повеќе детали за четири или пет најперспективни, пренесуваат британските медиуми.
-Имаме некои третмани што се во раните фази од истражувањата, а кои можат да ја ограничат тежината или должината на траењето на болеста, но немаме ништо што може да го убие или запре вирусот, изјави портпаролката Маргарет Харис на денешниот брифинг во Женава.
Харис кажа дека има потенцијално позитивни податоци, но треба да се добијат дополнителни податоци за да бидат сто проценти сигурни дека едниот третман е подобар од другите.