Собранието на акционери на Охридска банка усвои Одлука за докапитализација на Охридска банка во износ од десет милиони евра.

-Зголемувањето на средствата на Банката во износ од десет милиони евра ќе овозможи одржување соодветно ниво на стапка на капитал согласно пропишаните стандарди со локалната регулатива, а од друга страна пак докапитализацијата ќе значи поддршка на развојот на банката и одговарање на пазарните предизвици особено во оваа 2020 како предизвикувачка година, пред сè, од аспект на македонската економија како во сегментот население, така и во корпоративниот сегмент, информираат од Охридска банка,

Додаават дека во насока на поддршка на финансиските капацитети на буџетот на државата, од аспект на аконтативните уплати на данок од добивка, Охридска банка ад Скопје е во претплата во износ од околу 24 милиони денари и по тој основ нема да бара поврат на средства, односно истите ќе ги користи за однапред подмирување на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, со што го дава дава својот придонес по во овој основ во овој тежок период.

-Во тимот е силата и затоа треба заеднички да се носиме со предизвиците што ни ги наметнува оваа година. Сега е важно секој експерт од својата област да даде максимум во својот дел, а ние како банка и понатаму ќе останаме стожер на семејните финансии и визионерите претприемачи така што нудиме низа мерки за државата, граѓаните и реалниот сектор да ја преброди пандемијата предизвикана од Ковид 19 колку што е можно побезболно. Сега е времето кога сите треба да покажеме високо ниво на одговорно однесување, да постапуваме рационално и економски оправдано, да носиме издржани одлуки и согласно можностите да ја поддржуваме реалната економија. Охридска банка во овој период вложува максимални напори и подава рака во сите сфери во кои е тоа потребно, истовремено грижејќи се за ликвидноста која е клучна не само за самата банка, туку и за нашите клиенти кои ни ја довериле довербата, а и за цеокупната економија, изјави Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

Во соопштението наведуваат дека Охридска банка објави и нова понуда на кредитни производи со значајни олеснителни услови кои ќе важат до 30 септември 2020 година, за сите клиенти кои имаат потреба од кеш кредити и станбени кредити.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 16:14