Администрацијата на Доналд Трамп даде конечна одлука за изградба на најголемата соларна централа во САД и еден од најголемите такви проекти во светот.
Се работи за соларно-акумулационата електрична станица Gemini која чина една милијарда долари и ќе биде лоцирана на 48 километри од Лас Вегас. Проектот е поддржан од „Беркшир хатавеј“, инвестициски фонд на Ворен Бафет.
Соларните панели ќе се простираат на површина од околу 29 квадратни километри. Станицата е проектирана да произведува електрична енергија со моќност од 690 мегавати.
Се дознава дека ова е доволно за снабдување со струја на 260 илјади домаќинства, и кратење на издувните гасови од приближно 83 илјади автомобили годишно.
Проектот дозволува создавање на две илјади работи места и учество во економијата со 712 милиони долари, во време кога САД се обидуваат да ја обноват економијата по падот предизвикан од епидемијата на коронавирус, изјави министерот за внатрешни работи Дејвид Бернхард, пренесе весникот Лас Вегас сан.