Европската унија преку шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, упати повик до сите страни инволвирани во либискиот конфликт да прифатат примирје.
-ЕУ бара од сите страни да се однесуваат одговорно и веднаш да престанат со битките ширум Либија, кои пред сѐ ги засегаат цивилите, вклучително и мигрантите, и ги става во уште поголем ризик, стои во соопштението на Борел.
Сите страни кои се заложија за прекин на огнот треба да ги испорачаат своите ветувања, вели Унијата и ги потсетува дека имаат обврска да го почитуваат меѓународното и хуманитарното право, оние кои ќе нарушат ќе одговараат за тоа, порачуваат дипломатските служби на Унијата.
-Европската Унија ги повикува сите страни да ги заштитат цивилите, вклучително и бегалците и мигрантите, со тоа што ќе им обезбедат сигурен, брз и непречен пристап до хуманитарната помош, бара Борел.
За ЕУ примирјето мора да биде придружено од преговори под покровителство на Обединетите Нации.
-Нема алтернатива на инклузивно политичко решение, смета ЕУ.