Италијанската полиција уапси 91 осомничен припадник на сицилијанската мафијашка организација Коза ностра за време на истрагата за перење пари и изнуда.

Целта на акцијата е да се спречи криминалната организација да ги искористи економските непогоди предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

Стотици членови на Финансиската гарда на Италија, што е одговорна за финансиски криминал, излегоа на улиците на Палермо, наводното упориште на криминалната организација, како и во неколку региони во северна Италија.

Истражителите тврдат дека осомничените биле вклучени во перење пари и изнуда, дека заработиле приходи преку трговија со дрога и дека планирале да ги користат незаконски добиените пари за да купат компании кои се соочуваат со проблеми заради пандемијата на новиот коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 22:23