Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со претставници од Занаетчиската комора.
Тема на состанокот ќе бидат мерките кои ги презема Министерството за економија за поддршка на занаетчиството, како и штетите предизвикани од последиците од вирусот КОВИД-19.
По состанокот, што ќе се одржи во просториите на Министерството за економија, се предвидени изјави за медиуми.