Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, се држи подалеку од претседателот Доналд Трамп, откако неговиот прес секретар излезе позитивен на коронавирусот, потврди портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени, јави „Гардијан“.
Пенс вчера не присуствуваше на прес-конференцијата на Трамп, ниту во саботата беше на состанокот во Белата куќа со американските воени и претставниците на националната безбедност.
Оваа реакција следеше откако прес-асистентот на Пенс, Кејти Милер, минатата недела се тестираше и се покажа позитивна на коронавирусот.
-Потпретседателот одлучи да оддржува дистанца во следните неколку дена“, рече Мекенени на прес-конференција во Белата куќа, додавајќи дека, сепак, Пенс ќе одлучи колку долго ќе трае ваквата ситуација.