Пушачите и поранешните пушачи, вклучувајќи ги и корисниците на електронски цигари, имаат речиси двојно поголем ризик од развој на потешка форма на Ковид-19 од непушачите, покажало истражувањето на Универзитетот Калифорнија од Сан Франциско.

-Пушењето е поврзано со значително поголем ризик од унапредување на Ковид-19, изјави професорот по медицина Стантон Гланц, пренесува Си-Ен-Ен.

Истражувањата објавени во Кина, Јужна Кореја и САД покажуваат дека околу 30 отсто од пациентите кои биле пушачи развиле потешки форми на Ковид-19, споредено со 17,6 проценти од непушачите.

Авторите на истражувањето посочуваат дека пушењето и употребата на е-цигари го зголемуваат ризикот и сериозноста од инфекции на белите дробови заради оштетување на горниот респираторен тракт и намалената функција на белите дробови.

Тие ги повикаа здравствените работници на списокот на чекори потребни за справување со пандемијата да го стават и прекинот на пушењето и повикаа на ажурирано собирање податоци за пушачите и корисниците на е-цигари за да се види колку се изложени на ризик од заразување на коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 11:17