Принцот Чарлс на социјалните мрежи го откри својот омилен појадок – печени јајца со спанаќ и британско сирење.

Принцот својот омилен рецепт го сподели по повод интернет-фестивалот посветен на британското сирење и производството што е погодено од корона-кризата.

– Една од работите кои несомнено ни причинуваат огромно задоволство е добрата храна. Затоа е доста загрижувачки тоа што, поради пандемијата, во опасност е една од најголемите радости во животот – британското сирење, рече принцот Чарлс.

Неговиот омилен утрински оброк содржи: 100 грама спанаќ, еден мал домат, 35 грама меко сирење, едно јајце, 80 грама милерам-павлака, 15 грама рендано тврдо сирење и свеж босилек. Се пече во загреана рерна на 180 степени, од осум до 10 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 13:07