Институтот за јавно здравје и контрола на болести Роберт Кох, објави дека стапката на репродукција на Ковид-19 во Германија падна под критичната точка 1, на 0.94, откако во понеделникот достигна 1.07.

Таканаречениот репродукциски број „Р“ укажува дека во просек 100 заразени лица сега би заразиле 94 други во текот на 24-часовен период, што значи дека бројот на нови инфекции се намалува, бидејќи беше во пораст на почетокот на неделата.

– Засега не очекуваме ново зголемување, соопштија од Институтот Роберт Кох.

Според последните податоци, во вторникот во Германија се регистрирани нови 798 случаи на новиот коронавирус, а починале 101 лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 13:43