За вирусот Ковид-19, од неговото појавување, на француски јазик се зборува исклучиво во машки род, но Француската академија препорачува употреба на женски род на кратенката на англискиот термин “Коронавирусна болест”, јави дописникот на МИА.

Француската академија која е вистински чувар на правилната употреба на францускиот јазик, препорачува да се користи зборот „Ковид-19“ во женски наместо во машки род, иако во Франција широко се употребува во машки род за коронавирусот.

„Бесмртните“, како што се нарекуваат академците, и во време на пандемија се најдоа во својата улога да потсетат на едноставното правило на граматиката на францускиот јазик: за акроним (кратенка) родот на главниот збор од која е изведена кратенката е тој кој што се зема како род. Така се вели и пишува „ ЛА СНЦФ“ затоа што е акроним на „Националната компанија на железницата“ и членот се усогласува со родот на зборот „компанија“.

Тешкотијата со Ковид е тоа што тој е акроним од странско потекло. Ковид е кратенката за англискиот термин “Коронавирусна болест” што се преведува на “болест од коронавирус”. Според тоа, „болест“ е од женски род, значи треба да се користи женски род при употреба на терминот Ковид.

Во Квебек, упориштето на францускиот јазик во Северна Америка, зборот Ковид се користи во женски род. Но, уште едно од основните правила на еден јазик е неговата сегашна употреба. „Употребата го прави законот“, имаат навика да велат лингвистите. Во случајот со зборот Ковид, јасно е дека употребата на машкиот род се етаблира во медиумите, но не само во медиумите.

Од почетокот на епидемијата, владата зборуваше за Ковид во машки, исто така и Институтот Пастер.

-Зошто е честата употреба на машки род за Ковид 19?, се прашуваат во Француската академија и самата одговара.

-Затоа што, пред да се рашири овој акроним, главно се зборуваше за коронавирусот, група која го должи својот род (…) на вирусот, а вирусот е збор од машки род. Потоа, со метонимија, ние и го дадовме на болеста родот на патогенот што го предизвикува, вели академијата.

На ист начин, Академијата тешко го поднесува и изразот кој според неа „не е многу соодветен“, односно „социјалното дистанцирање“, транскрипција на англиското „социјално дистанцирање“. „Оддалеченоста“, објаснува Академијата, во својата примарна смисла значи „одбивање да се меша со други социјални класи“. „Сепак, претпоставуваме дека тоа не е значењето што сакаме денес да го дадеме на оваа именка“, иронизира Француската Академија.

-Можеби можевме да зборуваме за почитување на безбедносни растојанија, физичко растојание или поставување на безбедносни растојанија, сугерира Академијата.

Француската академија не кажа ништо за еден друг многу употребуван збор од пред неколку дена „déconfinement“ кој значи излегување од изолација, но кој е отсутен од сите речници на францускиот јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 14:36