Првиот од речиси 400 мафијашки шефови кои неодамна беа ослободени од затвор во куќен притвор, поради здравствени причини поврзани со пандемијата на коронавирусот, денеска се врати во својата ќелија, врз основа на владината уредба донесена по бранот критики на сметка на министерот за правда Алфонсо Бонафеде.

Антонино Сако (65) издржува затворска казна за здружување со мафијата и изнуда.

Италијанската Влада минатата недела издаде указ со кој се бара од судиите за притвор повторно да ги проценат масовните пуштања.

Опозицијата на десниот центар поднесе иницијатива за гласање недоверба за Бонафеде во врска со ослободувањето на затворениците и контроверзиите околу неуспешното назначување на обвинителот за борба против мафијата Нино Ди Матео за шеф на италијанскиот затворски систем.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 23:53