Границата меѓу Канада и САД се очекува да остане затворена за обични патувања до 21 јуни, објави денеска канадскиот весник „Глоуб енд меил“.

Канада и САД на 18 април се согласија да ги продолжат граничните ограничувања за уште 30 дена.

Канада побара продолжување од 30 дена и речиси е сигурно дека Вашингтон ќе се согласи со предлогот, информира весникот повикувајќи се на неименувани извори.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 00:04