Првичните избори за номинација претседателски кандидат од Демократската партија, поминаа без инциденти, и во услови на социјална дистанца, а имаше и нов рекорд кога на гласање преку пошта беа испратени 400 илјади гласачки ливчиња.

Во Небраска сноќа на првични избори гласаа и републиканците, за избор на кандидат за сенатор на сојузната држава.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, за кого се верува дека ќе стане демократски претседателски кандидат, извојува лесна победа. На овие избори за првпат се гласаше лично во услови на пандемија, после демократските избори во Висконсин пред пет недели, по што имаше критики во јавноста.

Истот така, и републиканците синоќа правеа избори, за избор во Сенатот, на кои убедлива победа оддржа актуелниот сенатор Бен Сас, кој го имаше критикувано претседателот Доналд Трамп па затоа се јави внатрепартиска конкуранција.

Властите во Небраска повикаа луѓето да гласаат по пошта, но републиканскиот гувернер Пит Рикетс соопшти дека може да се гласа и лично.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 00:13