Британска двојка во 2017 година купиле куќа покрај море во округот Кент, за којашто нивните соседи велат дека била најгрда во соседството. Но, тоа драстично се променило…

Џоун и Адам изминативе три години ја претворија својата нова куќа во современ дом со три ката и прекрасен поглед на околината.

Кога објектот бил купен, спалната соба и бањата биле на приземјето, а дневната – горе. При обновата, еден дел бил надграден во градината за таму да се направи кујна. Претходната кујна и дневната соба се претвориле во поголема спална соба. Тука, имаат уште една помала спална и бања со туш. Дневната сега е долу.

Додаден е уште еден кат за да се направат уште две спални соби, бања и нови балкони со поглед кон морето.

Направена е и нова фасада. Балконите се украсени со дрво, а влезот е поплочен. Продажбата не е исклучена, нагласуваат сопствениците.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 00:47