Унгарија планира да опреми фабрика за самостојно да ја може да произведува вакцини за корона вирусот, која ќе се активира веднаш штом вакцината ќе биде подготвена, јави „Унгарија Денес“.
Унгарскиот Национален здравствен центар, во соработка со универзитетот во Дебрецен и Владата најавија дека новата фабрика ќе ги произведува сите задолжителни вакцини, и ќе овозможи земјата да не зависи од увоз за вакви стратешки важни производи од Кина или од било која друга држава.
Пандемијата покажа колку е важно да се има сопствени капацитети за производство на вакцини. Прашањето на самостојност стана уште поважно откако Кина привремено го запре извозот на фармацевтски репроматеријали, пишува „Унгарија Денес“.
Золтан Шилваши, декан на универзитетот во Дебрецен, изјави дека цел на проектот е сите 12 задолжителни вакцини, и идната вакцина за корона вирусот да се произведуваат самостојно во Унгарија.