Чилеанската Влада ги објави плановите за досега најстрогите мерки на затворање, со задолжителна карантин за целата зона на Сантијаго, што е област со население од 6,5 милиони луѓе, пренесува Гардијан.

– Битката за Сантијаго е клучна во војната против коронавирусот, изјави министерот за здравство Хаиме Маналик, најавувајќи ги рестриктивните мерки.

Овој чекор уследи по 2.660 потврдени случаи во последните 24 часа, што е за 60 проценти повеќе од претходниот ден, со што вкупниот број на заразени достигна 34.381 лица. Чиле во моментов е на третото место во Јужна Америка во однос на бројот на заразени лица, а во земјата починале 346 заболени.

Здравствените работници повикуваат на целосно затворање на Сантијаго од март, но Министерството за здравство соопшти дека стратегијата ги задржала случаите под контрола, спречувајќи економски крах на градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 10:45