Кога зборуваме во воздухот испуштаме невидливи микроскопски капки на плунка, кои можат да содржат честички на вирусот. Овие микроскопски капки, можат да останат во воздухот во затворен простор повеќе од десет минути, покажува еден експеримент, јави дописникот на МИА.

Резултатите од експериментот беа објавени во списанието ПНАС, со што малку повеќе се дознава за ширењето на епидемијата од вирусот Ковид-19.

Распространетоста на новиот коронавирус Сарс-Ков-2 со кашлање и кивање е добро познато, но кога зборуваме, ние исто така исфрламе невидливи микроскопски капки на плунка кои можат да содржат вирусни честички. Колку се тие помали, толку подолго ќе останат во суспензија во воздухот, додека потешките, заради силата на гравитацијата, ќе паднат побрзо на тлото.

Преносот преку издишениот воздух е добро проучен за вирусите кај сипаниците, како еден од најзаразните познати вируси, и е во состојба да се смести во микроскопски капки, но научниците се уште се обидуваат да го измерат овој начин на заразување. за Сарс-Ков-2.

Научниците од Националниот институт за дијабетис и дигестивни и болести на бубрезите разговарале со лица во затворена просторија, во која се проектирал ласер. Секоја испуштена капка поминува видливо преку ласерот, што овозможи да се измери нивниот број со текот на времето. Во експериментот, лицата повторуваа, со силен глас, „Останете здрави“ во текот на 25 секунди. Микроскопските капки остануваа во воздухот во просек 12 минути.

Земајќи ја во предвид познатата концентрација на коронавирус во плунката, научниците проценуваат дека гласниот говор може да генерира еквивалент за една минута повеќе од 1000 заразени микроскопски капки способни да останат суспендирани во воздухот осум и повеќе минути, во затворен простор.

-Оваа директна визуелизација покажува дека нормалниот говор генерира капки во воздухот што можат да останат во суспензија десетици минути или повеќе, и се еминентно способни да пренесат болест во затворен простор“, заклучуваат научниците.

Во април истата група на научници го објавила својот труд во списанието НEJM, во кој тие забележуваат дека помалку гласното произведува релативно помалку капки. Потврдувањето на можното заразување со Сарс-Ков-2 само со зборување, а не само со прскање кога се кива или кашла или преку капки плунка што паѓаат на прекинувачи, рампи или рачки на вратите, ќе помогне научно да се оправда носењето маска, кое сега се препорачува во многу земји – и со тоа да се објасни високата заразливост на вирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 11:55