Воздушниот сообраќај нема да се врати на нивото од пред пандедемијата со коронавирусот се до 2023 година, пресмета Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА).

Оваа организација, што околу себе собира 290 авиокомпании, проценува дека во 2021 година сообраќајот, мерен во километри по патник, ќе биде помал за 24 проценти отколку во 2019 година, а проценката се темели на закрепнувањето што треба да почне од третиот квартал на 2020 година, со отворањето на домашните линии.

Во песимистичкото сценарио, каде ограничувањата за движење ќе останат и во третиот квартал од оваа година, ИАТА предвидува дека следната година ќе има пад на сообраќајот за 34 проценти, пренесува Хина.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 12:15