Најмалку 16 работници мигранти кои си оделе дома поради блокадата предизвикана од коронавирусот загинале во сообраќајни незгоди, а 74 други се повредени, соопшти денеска локалната полиција.

Карантинот во Индија, воведен со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус, предизвика отпуштање на милиони работници кои масовно се селат од урбаните центри во селата.

Изминативе недели низ цела Индија се пријавени многу несреќи во кои загинале или се повредени работници кои си оделе дома.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 13:04