Француската државна секретарка за еднаквост меѓу мажите и жените и борба против дискриминацијата, Марлен Шиапа, изјави дека „сите показатели упатуваат на зголемување на семејното насилство за време на изолацијата во земјата“. Поради тоа, алатките воведени за известување за семејно насилство остануваат достапни и по изолацијата, јави дописникот на МИА.

-Сите показатели откриваат зголемување на семејното насилство за време на осумте недели од изолацијата , платформата регистрира петпати повеќе извештаи за семејно насилство со зголемување од 36 отсто на полициските интервенции за семејно насилство, изјави Марлен Шиапа.

Во Франција досега 2.000 жртви или сведоци ја алармирале полицијата преку СМС порака. На специјалниот број 3919 за насилство врз жените се забележани повеќе повици за една недела, отколку за еден месец минатата година. Вкупно, за време на изолацијата, забележани се 3.140 дополнителни извештаи за семејно насилство.

-Сексуалните напаѓачи или мажите кои шират семејно насилство имаат силно чувство на неказнетост. За време на изолацијата, ние создадовме платформа, но и антени за сигнализирање на насилството во аптеките и трговските центри.

Исто така, воспоставени се алатки за превенција, особено „за мажи кои не се насилни, кои не ја имаат удрено својата партнерка или нивните деца, но на кои им е тешко да управуваат со својот гнев“. На овие мажи, меѓу другото им се нуди и бесплатно сместување со цел да преминат на дело.

Државниот секретар за еднаквост меѓу мажите и жените и борба против дискриминацијата, Марлен Шиапа стравува од „повторна појава на сексуално и улично насилство како резултат на феномен на „декомпензација“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 15:30