Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со целосно раскинување на односте со Пекинг поради ситуацијата со пандемијата на Ковид-19.

-Постојат многу работи кои можеа да бидат направени… Ние би можеле да ги раскинеме сите односи, изјави Трамп денеска во интервју за телевизијата Фокс бизнис.

Белата куќа ги обвинува властите на Кина за заташкување на информациите за ширење на вирусот. Во Администрацијата се разгледуваат начини за можни казни или барање парични компензации од Кина, поради тоа што се смета дека информацијата за вирусот се криела.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 23:15