Катарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од недела во земјата е задолжително носењето маски на отворено, а оние кои нема да ја почитуваат оваа обврска ќе бидат казнети со максимум 200.000 риали ( 49.000 евра), пренесува „Гардијан“.

Прекршителите, исто така, би можеле да добијат и казна до три години затвор, се вели во соопштението на министерството објавено на нивниот налог на Твитер.

Во него се додава дека само луѓето кои сами се возат во возилата ќе бидат ослободени од ова правило.

Катар во последните 24 часа има пријавено 1.733 нови случаи на коронавирус, од вкупно регистрираните во земјата 28.227 случаи, а досега има и 14 смртни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 10:50