Најквалификуваните американски лекари исчезнаа од екраните на американските национални телевизии во време кога Белата куќа спроведува засилена контрола на комуникациите поради пандемијата на коронавирусот и се обидува да ја убеди јавноста во оправданоста за брзо рестартирање на американската економија, јави Си Ен Ен.

Последно појавување на национална телевизија на некој член од Кризниот штаб за борба против коронавирусот беше на 7 мај, кога Си Ен Ен беше домаќин на Дебра Биркс, координаторка на тимот за одговор на епидемијата на Белата куќа, а пред неа беше интервјуто со д-р Ентони Фаучи, на 4 мај, исто така, на Си-Ен-Ен. Другите пет члена на кризниот штаб се појавувале на телевизија до 4 мај.

Портпаролот на американскиот министер за здравство д-р Џером Адамс изјави дека и Адамс и другите членови на Кризниот штаб на Белата куќа давале интервјуа за печатените медиуми, а Белата куќа го предупреди Си Ен Ен дека отсуството на најстручните американски лекари на ТВ не значи дека јавноста во иднина нема да има можност да слушне стручни мислења на телевизија.

Впечатливо отсуство на медицински експерти од националните телевизии се случува паралелно додека новоназначениот тим за комуникации во Белата куќа воведува и спроведува нова, порестриктивна стратегија за комуникација со јавноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 12:02