Обвинувањата за брутално постапување на кинеската полиција не би смееле да се користат како „оружје во политички протести“, се оценува во извештај на Независниот одбор за жалби за работата на полицијата (ИПЦЦ) и се додава дека Хонгконг, судејќи по се, влегува во „период на тероризам“.

Независниот одбор за жалби на работата на полицијата (ИПЦЦ) истакна дека не разгледува индивидуални жалби и поединечна одговорност на полицајците, но препорача дека се ревидираат упатства за користење солзавец и воведување тренинг за полицајци задолжени за јавниот ред и мир.

– Не треба посебно да се нагласува дека обвинувањата за полициска бруталност не смеат да бидат оружје за политички протести. Тоа е правно а не политичко прашање, се наведува во соопштението на ИПЦЦ во Хонг Конг.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 12:43