Германската економија опадна за 2,2 проценти во првиот квартал од 2020 година, што претставува најголем квартален пад од финансиската криза во 2009 година, покажуваат денешните прелиминарни статистички податоци.

На ваквиот резултат влијаеше затворањето на продавниците и фабриките во март поради воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Бруто домашниот производ на најголемата европска економија забележа пад од 2,3 проценти на годишно ниво во периодот јануари-март, откако во претходните три месеци имаше раст од 0,4 проценти, според десезонираните податоци на Федералното биро за статистика.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 13:46