Во Франција е забележан првиот смртен случај на деветгодишно дете, кое страдало од симптоми на форма слична на болеста Кавасаки, опишана кај млади пациенти кои биле во контакт со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Детето, кое починало од „невролошко оштетување поврзано со срцев удар“, имало „серологија што покажува дека било во контакт“ со коронавирусот, но не ги развил синдромите на Ковид-19, соопшти професорот, Фабрис Мишел, шеф на одделот за детска реанимација на болницата Ла Тимоне во Марсеј, потврдувајќи ги информациите од регионалниот весник „Ла Прованс“.

Од 1 март, во Франција се идентификувани 125 случаи на атипични форми на синдромот Кавасаки. Погодените деца биле заразени со САРС-КоВ-2 и претежно се со африканско потекло, со просечна возраст од осум години.

Научни педијатриски друштва испратија предупредување , а повеќе од половина од случаите (58 отсто) се пријавени во регионот на Ил де Франс. Слични синдроми се пронајдени и кај деца во Италија, Шпанија, Швајцарија или САД.

Американските власти вчера издадоа предупредување до здравствените работници за ретката, но потенцијално фатална воспалителна болест која ги погодува децата и евентуално е поврзана со Ковид-19. Наречен мултиинфламаторeн синдром кај деца (МИС-Ц) од страна на американските центри за превенција и контрола на болести, болеста за прв пат е пријавена кон крајот на април во Велика Британија.

Симптомите се значително влошување на општата состојба, треска, конјунктивитис, суви усни, осип што личи на скарлатина, големи лимфни јазли во вратот, без да бидат присутни во исто време. Сите овие деца и адолесценти имаат голем воспалителен синдром и воспаление на неколку органи кои бараат хоспитализација, со неможност за утврдување на дијагноза, како и изложеност на Ковид-19 или потврда на болеста кај пациентот. Развојот на овие пациенти досега беше поволен во повеќето случаи.

Како и случаите откриени во Обединетото Кралство, поголемиот дел од овие деца или адолесценти се од Африка, Антилите или Северна Африка, што укажува на веројатна генетска патека, забележуваат лекарите. „Направено е барање до Националната комисија за заштита на податоците да може да се побаран нивното етничко потекло, кое е чувствително прашање во Франција“.

За да се објаснат овие атипични симптоми, „истражени се две хипотези: генетскиот пат поврзан со прекумерен имунолошки одговор што доведува до воспаление и патогена патека со проучување на вирусните видови утврдени во случаите Кавасаки“, објаснува професорот Александре Бело, ревматолог-педијатар во болницата Жена-мајка-дете во Лион и истражувач кој раководи со советот на овој регистар кој ги идентификува сите овие случаи на Кавасаки.

Според научниците, остануваат многу прашања во врска со овие атипични клинички слики, кои се чини дека одговараат на пост инфективен синдром на Ковид-19. Сепак, овие случаи се многу ретки во однос на педијатриската популација.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 14:15