Словенците масовно тргнаа на викенд од соседна Хрватска, откако Владата одлучи да го укине задолжителниот карантин за оние кое се враќаат во земајта од странство, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според информациите на словенечкото Министерство за внатрешни работи на словенечко-хрватскиот граничен премин крај Истра, за излез од државата поради застој се чека и до два часа, додека на премиенот Обрежје еден час.

Инаку, Владата одлучи на своите и граѓаните на другите земји членки на Европската унија, да им го укине задолжителниот 14 дневен карантин по влезот во земјата. Ова одлука која беше на сила од средината на март е укината за сите, освен за граѓаните од трети држави, односно за оние од државни кои не се дел од ЕУ.

Во карантон нема да одат и граѓаните на трети земји кои имаат привремено или трајно живеалиште во ЕУ, а во странство не биле повеќе од две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 23:07