Кина е подготвена да стави американски компании на „список на несигурни правни лица“, како дел од одговорот на одлуката на Вашингтон за блокирање на испораките на полупроводници за Хуавеи, објавија кинески медиуми.

Мерките вклучуваат покренување истрага и наметнување ограничувања на компании како што се „Епл“, „Циско системи“ и „Квалком“ и суспендирање на набавката на авиони „Боинг“, објави кинескиот весник Глобал тајмс, повикувајќи се на неименуван извор.

Американското Министерство за трговија соопшти денеска дека ќе ги измени регулативите „тесно и стратешки насочени кон набавката на полупроводници за Хуавеи што се директен производ на одреден американски софтвер и технологија“.

Хуавеи продолжува да користи американски софтвер и технологија за дизајнирање полупроводници и ги „поткопува“ целите на националната безбедност и регулативите за контрола на извозот преку странски аквизиции, и покрај тоа што е на списокот на црната листа од 2019 година, соопшти Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 23:21