Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека организирањето на безбедни Олимписки игри во Токио следната година нема да биде лесна задача.

Тој на заедничка прес-конференција со претставниците на Меѓународен олимписки комитет повика на единство и меѓународна солидарност.

– Нема да биде лесно, но се е во наши раце. Ако работиме најдобро што знаеме, посебно со национално единство и меѓународна солидарност, мислам дека е можно, посочи Гебреисус.

Отворањето на летните Олимписки игри, на кои ќе учествуваат спортисти од повеќе од 200 држави, закажано е за 23 јули 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 17:10