Последниот пациент инфициран со новиот коронавирус во Камбоџа оздраве и излезе од болница, така што во земјата нема ниту еден активен случај, изјави денеска министерот за здравство на Камбоџа, Мам Банхенг.
Во Камбоџа беа евидентирани 122 лица заразени со Ковид-19, а ниту едно лице не почина од последици на новиот коронавирус.
Последниот случај во Камбоџа беше регистриран на 12 април, а од почетокот на епидемијата биле спроведени 14.684 тестови.
Но, здравствените власти предупредуваат дека нема да бидат намалени рестриктивните мерки односно и понатаму ќе бидат затворени училиштата, ќе има гранични контроли и ќе важат мерките за самоизолација.