Неколку стоитина луѓе денеска протестираа во лондонски Хајд парк против вонредните мерки на британската Влада.

Скотланд јард соопшти дека се уапсени шест лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.

Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација.

Во последните 24 часа во Велика Британија од последици од новиот коронавирус починаа 468 лица, а регистрирани се 3.450 новозаразени лица, со што вкупниот број се искачи на 240.161. додека од почетокот на епидемијата починаа 34.466 луѓе.

Велика Британија по бројот на инфицирани лица е на четврто место во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 22:20