Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно ги критикуваше рестриктивните мерки во момент кога во земјата се регистрирани повеќе од 15.000 смртни случаи и речиси 223.000 заразени лица со Ковид-19.

„Невработеноста, гладот ​​и сиромаштијата ќе бидат иднината на оние кои се залагаат за тиранијата за целосна изолација“, напиша Болсонаро на својот профил на Твитер.

Лидерите на бразилската екстремна десница и бразилскиот претседател неколку пати веќе ги критикуваа мерките за изолација и јасно ставија до знаење дека се залагаат за враќање кон нормалноста.

Медиумите пишуваат дека тоа е водено од економски интереси, а не од благосостојба на граѓаните на земјата и дека во Бразил, која е меѓу десетте држави најпогодени од пандемијата, бројот на пациенти е веројатно многу поголем од официјалниот, затоа што не се спроведуваат доволен број тестирања.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2020 11:09