Најмалку пет цивили загинаа, а шестмина други се повредени, меѓу кои и едно дете, во ракетниот напад врз Триполи, што го извршија милициите лојални на пензионираниот генерал Калифа Хафтар, лидер на нелегитимните сила од источна Либија.

Советникот на либиското Министерство за здравство, Емин ел-Хашими, изјави дека нападот е извршен врз регионот Фурнац, во близина на Триполи, каде живеат раселени лица од сите делови на оваа африканска земја.

Екипи на брзата помош биле испратени на местото на нападот, јавува агенцијата Анадолија.

На повеќето видео снимки што станаа вирални на Интернет се гледа какао над Триполи се крева густ црн чад.

Милициите на Хафтар, од почетокот на мај, извршија неколку ракетни напади врз делови од либискиот главен град, во кои досега загинаа повеќе од 20 цивили, вклучувајќи жени и деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2020 12:06