Гори градската депонија „Мелци” во Кавадарци, а противпожарна екипа веќе четири четири часа е на терен и го гасне пожарот.
Од Територијалната противпожарна единица информираа за МИА дека со проблемот се справуваат четворица пожарникари со две противпожарни возила, како и двајца работници со едно возило од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец”. При интервенцијата се користи и едно теге.