На ниво на целата држава 52 лица изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 33 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР, на 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2020 12:10