СВРШтип изминативе два дена расветли вкупно девет кривични дела од кои три тешки кражби на дрзок начин, една разбојничка кражба, пет тешки кражби (три во продавница, една во куќа и една во комбе). Притоа, како што информира денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, осмоничени се пет лица на возраст од 17 до 31 година, сите од Штип.
-Седумнасет годишен малолетник е осомничен сторител на три кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, една „разбојничка кражба“ и една „тешка кражба“ од куќа. СВР Штип работи на целосно комплетирање на случаите по што против сторителите до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени кривични, рече Панајотова.
Во изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на СВР Штип осум лица не ја почитувале забраната за движење, при што шестмина се приведени, a за двајца се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На три лица им се издадени решенија за изолација, а три потпишале изјави за самоизолација.
Во Кочани на улицата „ВМРО“ дваесет минути по полноќ полициски службеници ги лишиле од слобода 36 годишниот М.А., 46 годишниот С.С. и 43 годишниот С.Ф.сите од Кочани. При преглед на С.Ф. биле пронајдени и одземени една празна рамка од пиштол, два куршуми 7,62 милиметра и еден куршум за пиштол. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.