Приведени 30 лица од 38 кои не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие во државава. За осум лица ќе следуваат соодветни мерки.
Од МВР информираат дека полицијата регистрирала и 81 прекршок по однос на мерката за неносење лична заштита.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација.
-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што едно лице не ја почитувало мерката за изолација и самоизолација, се наведува во соопштението на МВР.