Во текот на изминатото деноноќие, 20/21 мај на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес, пет лица, oд кои, три во Велес и две во Кавадарци не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во Неготино немало прекршители, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во овој период има 19 нови регистрирани лица со решенија за изолација, и тоа, најмногу 18 се во Велес и едно во Кавадарци, а со изјава за самоизолација има едно ново лице во Кавадарци.

На подрачјето на СВР Велес, со решение за изолација има 156 лица, од кои 148 во Велес, едно во Кавадарци и седум во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 23 лица, од кои 16 во Велес, две во Кавадарци и пет во Неготино.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2020 13:04