Во изминатите 24 часа на подрачјето на тетовскиот регион, полицијата изрекла 12 прекршочни санкции односно казни од по 20 евра за лица кои не носеле заштитни маски за лице, информираат денеска од СВР Тетово.

Во рамки на контролата на ограниченото движење, евидентирано е дека 10 лицa не ја почитувалe одлуката.

-Десет лица биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци за непостапување според прописите за време на епидемија од член 206 од Кривичен законик, потенцираат од тетовската полиција.

Во изминатото деноноќие нема нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а биле контролирани вкупно 156 лица. Нема нови решенија за самоизолација, а немало ни луѓе за контрола за таа мерка.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2020 15:04