Основниот суд во Велес од 4 мај до денеска донел 36 пресуди за 36 лица од кои три биле донесени денес за непочитување на полицискиот час, a при што им биле изречени парични казни од по 40 дневни глоби по 20 евра односно вкупен паричен износ од 800 евра на секој од казнетите.

Како што информира за МИА, судијата Дара Арсова портпарол на Основниот суд во Велес вчера немa ниту една изречена казна, а завчера имало една. Најмногу девет казни биле изречени на 15 мај.

– Обвинетите го прекршиле полицискиот час што е во спротивно со Одлуката за забрана и посебен режим на движење и биле затекнати од страна на полицијата како се движат на повеќе локации во градот во време кога е забрането движење. Сите овие лица биле прогласени за виновни за кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија,информира Арсова.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2020 16:52